ПАНЕЛ: Поглед од друг агол: ромите и ромските населби, решение а не проблем
Решавањето на домувањето на ромската популација треба да се гледа низ капацитетите на таа заедница, низ нејзиниот потенцијал кој во тој процес треба да се цени повеќе и врз него да се изгради стратегија за иднината, а не од аспект на проблемите со кои се соочуваме, беше истакнато на панелот Поглед од друг агол: Ромите и ромските населби, решение а не проблем, во организација на Хабитат Макдонија, посветен на решавањето на проблемот со супстандардното домување на ромската заедница.
|
Повеќе...
|
|
ПАНЕЛ: Спроведување на законот за волонтерство
Законот за волонтерство кој е донесен во јули годинава е уште едно приближување на Македонија до Европската унија, беше истакнато на панелот посветен на Законот за волонтерство организиран од Младинската алијанса, Тетово И ПДАС Меѓаши. Како што истакна Златко Талески, од Младинскиот културен центар од Битола, законот предвидува дека волонтерската работа е општествено корисна дејност и со своите одредби ги стимулира волонтерските активности.
|
Повеќе...
|
ТРКАЛЕЗНА МАСА: даночни закони и граѓанските организации
Според Индексот на граѓанското општество во Македонија, нашата земја е со најмалку даночни олеснувања. Македонија има неповолна околина за дејствување на граѓанските организации, поради малите даночни олеснувања и поради намалувањето на донациите од странските организации.
|
Повеќе...
|
ПАНЕЛ: „заедно за еднаквост – стратешка рамка за заедничка акцијa за борба против дискриминацијата - бугарски искуства за антидискриминација“
Панелот „Заедно за еднаквост – стратешка рамка за заедничка акција за борба против дискриминацијата/ Бугарски искуства за антидискриминација“, одржан во организација на Куќата на човековите права на Македонија, пред мал број присутни слушатели и учесници, на површина ги изнесе актуелните состојби со дискриминацијата во Македонија и Бугарија, чиј заеднички именител беше потребата од поголема едукација на граѓаните, подигање на свесноста за постоење на проблемите, работа на правните рамки.
|
Повеќе...
|
|
|
|
Страница 3 од 3 |