Ромите имаат капацитет да го решат проблемот со супстандардното домување |
ПАНЕЛ: Поглед од друг агол: ромите и ромските населби, решение а не проблем Решавањето на домувањето на ромската популација треба да се гледа низ капацитетите на таа заедница, низ нејзиниот потенцијал кој во тој процес треба да се цени повеќе и врз него да се изгради стратегија за иднината, а не од аспект на проблемите со кои се соочуваме, беше истакнато на панелот Поглед од друг агол: Ромите и ромските населби, решение а не проблем, во организација на Хабитат Макдонија, посветен на решавањето на проблемот со супстандардното домување на ромската заедница. Хабитат веќе две години работи на решавање на ова прашање во партнерство со микрофинансиски организации како Хоризонти и Можности. Ромите од неодамна како посебна целна група се вклучени и во посебна програма во која Хабитат соработува со Хоризонти и во која е создаден Фондот за домување на Роми. Проектот во моментов се спроведува во Скопје, поточно во општината Шуто Оризари, а во иднина ќе се прошири и во другите градови низ Мкаедонија каде што живее ромско население. Преку принципот на проценка на кредитоспособноста, се доделуваат мали кредити од 500 до 1.700 евра за реконструкција и реновирање на супстандардните домови.
- По неколку месеци работа со ромската популација како посебна целна група во нашата мисија за искоренување на сиромаштијата во домувањето заклучивме дека во оваа заедница има огромен капацитет во одредени делови кои ги покриваат човечкиот и физичкиот потенцијал, но од друга страна пак огромен недостаток на финансиски и социјален капацитет, истакна Дарко Булдиоски од Хабитат Македонија. Хоризонти веќе подолго време работи на давање мини бизнис кредити
на бизнисмени Роми, но со партнерството со Хабитат заклучивме дека за вистинско подобрување на животниот стандард на Ромите треба да се инвестира и во подобрување на нивните услови за живот. Од тоа зависи и здравјето и безбедноста на луѓето, истакна Васил Довалиев од Хоризонти. (С.Н.)
|