Улогата на граѓанското општество во процесот на приближување кон Европската Унија
- Приближувањето кон Европската Унија е приближување кон принципите на „европското владеење“: отвореност, партиципативност, демократски пристап, кохерентност, институционални форми на дијалог, Комитет на региони, Економско-социјален комитет.
- Македонија, во процесот на приближување кон ЕУ треба да ги искористи сите расположливи ресурси, вклучувајќи ги и луѓето (кадрите) од граѓанскиот сектор.
- Граѓанското општество, вклучувајќи ги и медиумите, треба да покажe визионерство и храброст во менување на свеста и однесувањето на јавноста во насока на приближување кон ЕУ.
- Седум од осум прашања кои беа поставени се однесуваа на што може да направи Владата за европската интеграција и што може да направи Владата за граѓанските организации.
|
Повеќе...
|
|
Панел на Младинскиот образовен форум (МОФ)
Правата мораат да си ги бараат самите студенти.
Воведничари: Борче Давитковски, Гоце Бумбаровски, Никола Тупанчевски и Никола Наумовски
Претседавач: Марјан Забрчанец (МОФ)
Во организација на Младинскиот образовен форум (МОФ), на вториот ден од 4 Саем на НВО, се одржа панел на темата “Високото образование, корупцијата и студентските права”. Претседавачот на панелот, пред да им препушти збор на воведничарите, ги истакна двата главни проблеми за кои ќе се разговара на дадената тема – корупцијата, и незаштитата на студентските права.
|
Повеќе...
|
ПРЕЗЕНТАЦИЈА: Програмата на граѓанската платформа на Македонија за 2005 - 2006
Амбициозната Програма на Граѓанската платформа на Македонија предвидува активности за сите значајни прашања во граѓанското општество во Македонија
Програмата на граѓанската платформа на Македонија за 2005-2006 година ја презентираа Драги Змијанац и Александар Кржаловски претставници на Комитетот на Платформата.
|
Повеќе...
|
СОЦИО-КУЛТУРЕН НАСТАН: Изведба на поемата „Незаборав“ од Паскал Гилевски
ОРГАНИЗАТОР: Сојуз на организации на жени на Македонија (СОЖМ)
Во Салата Г, на вториот ден од одржувањето на Саемот на НВО, Видосава Грубач, актерка при Драмскиот тетар во Скопје, ја изведе монодрамата “Двајца црнци зборуваат македонски”- “Незаборав” по истоимената поема на Паскал Гилевски.
Посветувајќи ја песната на македонскиот јазик, патриотизмот, опстојувањето, идентитетот, Гилески преку впечатливата изведба на Грубач, во импровизираниот простор на третата саемска хала, на слушателите им ја доближи својата порака за големината и неуништивата моќ на јазикот, во случајот, на неговиот сопствен, македонски збор.
|
Панел за медиумите и хендикепот во организација на Полио плус
Хендикепираните, односно лицата со посебни или специјални потреби не сакаат тие за медиумите само да бидат тажна приказна, сензација за еден ден или некој над чија судбина треба да се плаче. Затоа на панелот за медиумите и хендикепот во организација на Полио плус тие ги презентираа десетте совети за медиумите од лицата со хендикеп.
|
Повеќе...
|
|
|
|
|
Страница 1 од 2 |