Волонтерството е корисна дејност за волонтерот, општеството и за организациите |
ПАНЕЛ: Спроведување на законот за волонтерство Законот за волонтерство кој е донесен во јули годинава е уште едно приближување на Македонија до Европската унија, беше истакнато на панелот посветен на Законот за волонтерство организиран од Младинската алијанса, Тетово И ПДАС Меѓаши. Како што истакна Златко Талески, од Младинскиот културен центар од Битола, законот предвидува дека волонтерската работа е општествено корисна дејност и со своите одредби ги стимулира волонтерските активности.
- Законот предвидува повеке важни категории како дефинирањето кој може да биде волонтер, возраста на волонтерите, над 18 години, но со дозвола од родителите и малолетни од 15 до 17 години, како и каде може да се волонтира, истакна Талески. Според него законот дава слобода за стимулирање на волонтерската работа во граѓанските организации, државните институции и верските заедници. Со законот се уредуваат и категориите како волонтерски договор и волонтерска книшка. Договор потпишува секој кој волонтира повеќе од 40 часа месечно, а неговото искуство се впишува во книшката која е официјален документ за потврда на искуството и вештините, истакна Талески.
Присутните дискутанти заклучија дека волонтерството е дејност која допринесува за личен развој, развој на заедницата, како и на организацијата. Корист имаат младите кои се невработени и стекнуваат искуство, вработените кои го пополнуваат слободното време, како и пензионерите кои продолжуваат со општествено корисната дејност. Сите потатоци кои треба да ги знае еден волонтер се сместени во Водичот за волонтирање издаден од Првата детска амбасада во светот Меѓаши. (С.Н.)
|