Информација за настанот
НВО Саемот- 5 Форум на граѓанското општество во Македонија ќе се одржи од 9 до 11 декември 2005 година на Скопски саем. На НВО Саемот можат да учествуваат: - здруженија на граѓани и фондации регистрирани во Македонија; - странски и меѓународни организации и агенции со седиште во Македонија; - Владини институции (министерства, агенции). На НВО Саемот ќе бидат поканети и гости од регионот.
Целта на овој настан е да создаде простор за размена на искуства и да го поттикне меѓусебното разбирање и почитување на граѓанските организации, да поттикне поголем дијалог меѓу граѓанските организации, да го зголеми нивото на нивната комуникација, координација и соработка, да ја зголеми информираноста на јавноста и другите актери за активностите на граѓанските организации, како и да придонесе кон размената на информации со организации од регионот. НВО Саемот се состои од три компоненти:
- Форумски активности;
- Изложбен дел;
- Социо-културни настани.
НВО Саемот ќе има носечка тема и фокус-земја кои треба да дадат обележје на настанот и да провејуваат во сите негови компоненти. Носечката тема ќе биде Децентрализацијата, додека фокус-земја ќе биде Република Албанија.
|
Повеќе...
|
|
Македонија како бренд - колку и како се претставува во светот
Валентин Николовски: “На негативните искуства со брендот Македонија влијаат недоволно искористеното античко наследство и случувањата поврзани со Рамковниот договор и настаните од 2001 година“
“Многу малку досега сме постигнале во оформувањето на брендот Македонија, иако во земјата има многу потенцијал што не е искористен“ изјави меѓудругото воведничарката Калина Јанковска од маркетин агенцијата “Маркет вижн#, на тркалезната маса под наслов “Македонија како бренд-колку и како се претставува во светот“, организирана од Македонскиот центар за култура и развој. Тркалезната маса се смета за своевидна база за формирање и реализирање на стратегија за брендирање на државата, на која Ценатарот започнува континуирано да работи.
|
Повеќе...
|
Македонско - словачка експедиција Солуунска Глава 2005
Спелеолошкото друштво “Пеони” од Скопје, кое имаше и свој штанд на НВО саемот, ги промовираше активностите и добиените сознанија од реализираната македонско - словачка експедиција на Солунска Глава во 2005 година, каде освен гостите од Словачка, учествувале и дел од неговите членови.
|
Повеќе...
|
Граѓанското општество во Киргистан по револуцијата од 24 март 2005
Граѓанските организации на Киргистан учествувале во симнувањето од власт на поранешниот претседател Аскар Акаев.
На третиот ден од одржувањето на НВО саемот, гостите од Киргистан, кои имаа и свој штанд во една од халите, преку одржаната 45 минутна презентација, ги запознаа присутните посетители со развојот на граѓанското општество во својата земја, фокусирајќи се на најновата историја по револуцијата од 24 март годинава, во кој што процес на смена на власта, активно учествувале и граѓанските организации.
|
Повеќе...
|
Доброто управување со граѓанските организации
Само 13 % од граѓанските организации, во последниве 15 години ја смениле раководната структура
Одржувањето на панелот под наслов “Доброто управување во граѓанските организации” беше поврзан и со презентација на истоимениот прирачник, од Келменд Зајази. Во него Зајази ги внел досегашните евидентирани искуства за управувањето во граѓанските организации во Македонија, укажувајќи на, и објаснувајќи ја потребата од добро управување, но внесувајќи и препораки што може да се направи за да се надминат постоечките проблеми.
|
Повеќе...
|
|
|
|
|
Страница 1 од 4 |