Информација за настан
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) заедно со Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) и Институтот за трајни заедници (ИТЗ) имаат чест да ве поканат да учествувате на 3 НВО Саем – форум на граѓанското општество во Македонија (НВО Саем).
На НВО Саемот можат да учествуваат:
- здруженија на граѓани и фондации регистрирани во Македонија (домашни и странски);
- домашни агенции и странски и меѓународни организации.
На НВО Саемот ќе бидат поканети и гости од соседните земји.
Целта на овој настан е да создаде простор за размена на искуства и да го поттикне меѓусебното разбирање и почитување на граѓанските организации, да поттикне поголем дијалог меѓу граѓанските организации, да го зголеми нивото на нивната комуникација, координација и соработка, да ја зголеми информираноста на јавноста и другите актери за активностите на граѓанските организации, како и да придонесе кон размената на информации со организации од регионот.
НВО Саемот ќе се одржи во периодот од 20 до 22 ноември 2003 година во Скопскиот саем.
НВО Саемот се состои од три компоненти:
- Форумски активности;
- Изложбен дел;
- Социо-културни настани.
|
Повеќе...
|
|
НВО САЕМ ОРГАНИЗАТОР: ФИООМ
Програмата „Живо наследство“ стартуваше во Македонија, а потоа се прошири во Бугарија, Романија и Босна и Херцеговина. Нејзина главна цел е поттикнување на одржливиот развој на локални заедници преку ресурсите од областа на културното наследство
Воведничарот Иван Додовски од Програма „Живо наследство“, во своето воведно излагање се осврна на искуствата од спроведувањето на Програмата „Живо наследство“ во Македонија. Таа во Македонија се спроведува од 2000 година, како заедничка иницијатива на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) и на Фондација Крал Бодуен – Белгија. Тоа е регионална програма која стартуваше во Македонија, а потоа се прошири во Бугарија, Романија и Босна и Херцеговина. Во Македонија, досега, преку оваа програма се поддржани 19 проекти. Позитивните ефекти од тригодишното искуство од оваа програма се: развој на човечките и институционалните капацитети, стекнување нови знаења и вештини, поврзување на заедниците, соработка со медиумите, вработување, развој на туризмот.
|
Повеќе...
|
Со цел да обезбеди поефективна превенција и да ги пренесе своите знаења и експертиза од областа на превенција од трговија со луѓе на други невладини организации од Републикава, Отворена порта почна со реализирање на нов проект.
Мрежа на невладини организации и заедничка имплементација на кампања за подигнување на јавната свест од трговија со луѓе. Идејата за релизирање на проект од ваков вид се должи на фактот дека сознанијата за феноментот - трговија со луѓе во државата се на многу ниско ниво. Имено, од разговорите со лицата кои се јавуваат на СОС телефонот, без дилема заклучивме дека младата популација во земјава не е доволно запознаена со поимот трговија со луѓе, со начините на вовлекување во оваа криминлана структура, со нејзините последици како и со безбедносните мерки што тие треба да ги знаат со цел да се избегне нивно евентуално втурнување во криминалот. Сето ова веројатно се должи на фактот дека пошироко во државата не постојат многу организации кои активно работат на превенција од трговија со жени, организации кои ги едуцираат младите ставајЌи акцент на мерките за заштита од ова зло. Имплементацијата на проектот односно обуката на 10 невладини организации ќе допринесе за засилена превенција на локално ниво и поефективна борба против овој криминал. Проектот го финансира Институтот за Трајни Заедници преку USAID во износ од 835 169 денари.
|
НВО Саем организатор: регионален центар за заштита на животна средина за централна и источна Европа (РЕЦ)
Одржливиот развој подразбира баланс помеѓу економските, социјалните и еколошките потреби на заедницата. Консензусот може да се направи преку акциони планови на заедниците, мултисекторски и анализи на севкупните економски, еколошки и социјални фактори во животната средина.
Воведничарот Љупчо Гупчин од Македонско еколошко друштво рече дека одржливиот развој не може да се постигне само на национално ниво туку подразбира грижа на локално и на меѓународно ниво. Тој го спомена истражувањето на проф. д-р Фредерик Штајнер од Факултетот за планирање и пејзажна архитектура на државниот универзитет во Аризона, Феникс-Темпи, каде планирањето на урбаните села во феникс е под постојан притисок за градба во склад со субурбаниот модел. Главна цел на проектот е поддржување на одржливиот развој во обид да се сочуваат природните процеси и функции на пределот. Тој го истакна примерот на охридско-преспанската котлина и процесите на еутрофизацијата на езерските води во кои континуирано се слеваат големи количества фосфор во сливот на Охридското и Преспанското Езеро.
|
Повеќе...
|
Маријана Иванова
Век на градење идентитет и државност
Во периодот пред и после Илинденското востание, како и во понатамошната, бурна историја на македонската државност, се до крајот на Втората светска војна, доминира граѓанскиот активизам. Многубројните организации, тајни друштва и кружоци, илегални групи и слични форми на здружување на граѓаните се форми на здружување на граѓани, иако во многу случаи не биле регистрирани, односно делувале вон системот.
|
Повеќе...
|
|
|
|
|
Страница 1 од 3 |