Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ), Институтот за трајни заедници (ИТЗ) и Католичките служби за помош (ЦРС) имаат чест да ве поканат да учествувате на НВО Саемот – форум на граѓанското општество во Македонија што ќе се одржи од 29 октомври до 1 ноември 2002 година во хотелот Александар палас во Скопје.
За учесниците:
Пријава за учество (MS Word doc, 227KB)
На НВО Саемот – форум на граѓанското општество во Македонија можат да учествуваат:
- здруженија на граѓани и фондации (НВО) регистрирани во Македонија (домашни и странски)
- домашни агенции и странски и меѓународни организации
На НВО Саемот – форум на граѓанското општество во Македонија ќе бидат поканети и гости од соседните земји.
Овој настан ќе биде единствена можност за претставниците на невладиниот сектор во Македонија да се претстават и да информираат за својата работа, да разменат искуства, знаења и идеи за секторот на НВО што треба да придонесе кон подобрување на координацијата меѓу НВО и одредување на приоритетите за застапување и лобирање.
На НВО Саемот – форум на граѓанското општество во Македонија ќе бидат одржани форуми, секторски работилници и едукативни сесии на теми значајни за функционирањето на НВО.
Пријавувањето за учество во форумите, секторските работилници и едукативните сесии ќе се врши во МЦМС и при регистрацијата, непосредно пред почетокот на НВО Саемот.
НВО Саемот – форум на граѓанското општество во Македонија овозможува претставување на учесниците преку изложбен простор (штандови, постери и АВ (аудио-визуелни) презентации).
Освен форумскиот, едукативниот и изложбениот дел, НВО Саемот ќе се случуваат и социо-културни настани што ќе овозможат дружење, комуникација и подобро меѓусебно запознавање на НВО учесници на саемот
Влезот на НВО Саемот е слободен. |
|
Секторска работилница
Секторската работилница на тема “Улогата на НВО во изборниот процес”, последната која се одржа на првиот ден од НВО саемот (29.10.2002, од 18,30 до 20 часот), покрена широка дискусија по воведните излагања на Башким Мислими (Толеранца, Струга), Сашо Додовски (Младински културен центар, Битола), Роберто Беличанец (Центар за развој на медиумите, Скопје) и Пеце Талески (ОХО, Скопје). На работилницата, со која претседаваше Маријана Иванова, беа поставени прашања за потребата од вклученоста на невладините организации во активности поврзани со изборите, за разграничување на тие активности од она што значи промоција на одредени партиски интереси, за активностите кои треба да уследат во наредниот период и стратегијата која треба да се определи за идните активности од оваа сфера…
|
Повеќе...
|
Пленарна сесија
„Развојот на невладиниот сектор не кореспондира со развојот на демократијата“, рече меѓу другото Нафи Сарачини, советник за граѓанско општество во Делегацијата на Европската комисија во Скопје и еден од воведничарите на пленарната сесија “Нови појави и трендови – предизвици со кои се соочува граѓанското општество”, што се одржа на 29.10.2002 на НВО Саемот, со која претседаваше Мирко Спироски. На ставот дека не постои невладин сектор (поради потполната зависност од надворешните донации и непостоењето поддршка од страна на владиниот сектор), Сарачини го спротивстави ставот за непостоење на адекватен државен сектор. Во тој контекст тој ја истакна зависноста на државната администрација од моќта концентрирана во рацете на поединци или групи. Од друга страна, според Сарачини, видливи се и негативностите на невладиниот сектор, отсуството на стратешко планирање и спроведување на активности кои не го допираат коренот туку последиците на проблемот. Затоа, идниот фокус на активностите, според него, треба да биде во градењето граѓанска свест, меѓусебна соработка, идентификување локални донатори и развој на менаџерските способности во рамките на НВО.
|
Повеќе...
|
Секторски панел
Секторискиот панел на тема “Улогата на НВО и фондациите во културата”, се одржа на првиот ден од НВО Саемот, на 29 октомври оваа година. На панелот беше истакнато дека културата е значен дел од општеството и дека НВО кои дејствуваат на полето на културата се многу поактивни од државните институции.
|
Повеќе...
|
Секторски панел
Присутните покажаа голем интерес за преземање на конкретни чекори кон поголемо искористување на новите технологии од страна на НВО и за новоотворените прашања за општествените импликации од нивната употреба.
Во организација на Метаморфозис, на 30 октомври, од 11.30 до 13.00, се одржа секторскиот панел Информациско општество и пристап до информации – Интернет и НВО секторот, кој го водеше претседавачот Бардил Јашари (ФИООМ) со воведничарите Филип Стојановски (МЦМС), Горан Шлакески (Метаморфсозис), м-р Зоран Костов и Јован Петров (МаНГО).
|
Повеќе...
|
Statement by Hari Kostov, Manager of "Komercijalna Banka"
"The state is only one of the elements in fighting against the corruption and crime. The other one is support from the civil society and its involvement in prevention of the corruption and crime," said the future Minister of Interior in his video presentation.
Ladies and gentlemen
Allow me to express my gratitude to the organizers of the NGO Fair- Forum of civil society in Macedonia who gave me opportunity to present my experiences and attitudes in the fight against greatest evil of the society, the corruption. I am very sorry that I am not able to be present in person on this important forum because of my latest engagement as General Director of "Komercijalna Banka" [Commercial Bank] AD Skopje, that is, today’s meeting of the executive board of the bank before tomorrow’s meeting of the Parliament for electing of the new Government. Now, let me explain my vision for efficient prevention of corruption.
|
Повеќе...
|
|
|
|
|