| Умрежување на НВО |
|
|
|
|
Со цел да обезбеди поефективна превенција и да ги пренесе своите знаења и експертиза од областа на превенција од трговија со луѓе на други невладини организации од Републикава, Отворена порта почна со реализирање на нов проект.
Мрежа на невладини организации и заедничка имплементација на кампања за подигнување на јавната свест од трговија со луѓе. Идејата за релизирање на проект од ваков вид се должи на фактот дека сознанијата за феноментот - трговија со луѓе во државата се на многу ниско ниво. Имено, од разговорите со лицата кои се јавуваат на СОС телефонот, без дилема заклучивме дека младата популација во земјава не е доволно запознаена со поимот трговија со луѓе, со начините на вовлекување во оваа криминлана структура, со нејзините последици како и со безбедносните мерки што тие треба да ги знаат со цел да се избегне нивно евентуално втурнување во криминалот. Сето ова веројатно се должи на фактот дека пошироко во државата не постојат многу организации кои активно работат на превенција од трговија со жени, организации кои ги едуцираат младите ставајЌи акцент на мерките за заштита од ова зло. Имплементацијата на проектот односно обуката на 10 невладини организации ќе допринесе за засилена превенција на локално ниво и поефективна борба против овој криминал. Проектот го финансира Институтот за Трајни Заедници преку USAID во износ од 835 169 денари. |