Покана за локално партнерство |
Почитувани, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), во соработка со Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) и Институтот за трајни заедници (ИТЗ), имаат чест да ве информираат за НВО Саемот – 3 форум на граѓанското општество во Македонија.
НВО Саемот – 3 форум на граѓанското општество во Македонија ќе се одржи од 20 до 22 ноември 2003 година во Скопскиот саем. На истиот можат да учествуваат: - здруженија на граѓани и фондации, регистрирани во Македонија (домашни и странски); - домашни агенции и странски и меѓународни организации. - Гости од соседни земји (за прв пат оваа гоодина на НВО Саемот – 3 форум на граѓанското општество во Македонија ќе бидат поканети и гости од соседните земји). На вториот НВО Саем – форум на граѓанското општетсво во Македонија беа одржани 32 форумски расправи (пленарни сесии, панели, тркалезни маси, едукативни сесии), на кои учествуваа повеќе од 1,000 учесници. Во изложбениот дел 199 граѓански организации ги презентираа своите активности, додека настанот беше посетен од повеќе од 6,000 посетители. Поради поголема посетеност на НВО Саемот, беше организиран превоз од 25 града на внатрешноста на Македонија (организиран превоз за 1,092 посетители), но со различен интензитет во зависност од пројавениот интерес. Како и во претходните години, овој настан ќе биде единствена можност претставниците на граѓанскиот сектор во Македонија да разменат искуства и да го поттикнат меѓусебното разбирање и почитување, да поттикнат поголем меѓусебен дијалог, да го зголемат нивото на нивната комуникација, координација и соработка, да ја зголемат информираноста на јавноста и другите актери за нивните активности, како и да ја подобрат размената на информации со организации од регионот. Еден од приоритетите на организаторите е овозможување на организиран пристап на луѓето од внатрешноста во соработка со локалните НВО партнери. За таа цел Организациониот одбор на НВО Саемот Ви се обраќа и Ве поканува да учествувате како локален партнер (лице за контакт) во промовирањето на настанот и во делот на организација на транспортот. Описот на надлежностите, кој ја ја дефинира улогата на локалниот партнер е даден во продолжение. Опис на надлежности Основни информации Учесници: - локални активисти на граѓанските организации, - ученици, - студенти и - заинтересирани граѓани Период: 3 Ноември - 22 Ноември Партиципација: Новина оваа година е промовирање на концептот на партиципација во трошоците. Секој корисник на организираниот превоз е должен да партиципира во висина од 30 % од цената на чинење на повратниот билет на релација од-до Скопје. Корисниците на превозот се должни да го покријат својот дел од трошоците (30 %) на возачот на автобусот за што ќе добијат возен билет кој е со важност за истиот ден. Повратниот билет треба да го чуваат за да може да го искористат превозот назад до соодветниот град. Задолженија на Локалните партнери/лица за контакти: Промоција: Промовирање на настанот и анимирање на учесниците за организирниот транспорт, преку дистрибуција на промотивниот материјал и ширење информации за НВО саемот. За таа цел Организацискиот одбор се обврзува да достави промотивен материјал (постери и брошури) во периодот до 07.11.2003 до локалните организации. Името на Локалниот партнер/лице за контакт ќе биде наведено во промотивниот матерјал. Посебно ке се цени анимирањето на учениците од средните училишта кои ја следат наставата по граѓанско образование. За таа цел средните училишта ќе бидат информирани за настанот од страна на Организацискиот одбор посочувајќи ја локалната партнер/лице за контакт/ организација одговорна за транспортот. Лице за контакт од средните училиста е назначениот наставник/директор кој на локалниот партнер/лице му ја доставува листата на учениците. Поттикнување на поголема број на превезени лица: За поголема посетеност на НВО Саемот, организаторите се мотивираат на следниот начин: 1. Обезбедено 70% исполнетост на автобусот: организацијата е должна да ги покрие трошоците за неисполнетост до цената на чинење на превозот; 2. Обезбедено 80% исполентост на автобусот: организацијата не покрива никакви трошоци 3. Обезбедено 90% исполентост на автобусот: организацијата ќе биде наградено во висина од 10% од трошоците на превозот. Логистика на транспортот: Локалните парнери се мотивираат сами да си ги обезбедат автобусите за превоз на локално ниво, по цена на чинење во висина од добиената понуда за превоз од АД Пролетер, како монатогодишен обезбувач на превозот. Листа на учесници: Локалниот партнер ги прибира информациите за заинтересираните учесници на НВО саемот и прави листа на учесници. Учесниците треба да наведат кој ден се заинтересирани да го посетат Саемот. Последен ден на пријавување е 14.11.2003. Листата на пријавени корисници (со број и датум на посетата) ќе треба да се испраќа редовно до овластена организација во делот на транспортот (дополнителна информација). Очекувајќи го одговорот до петок, 31.10.2003 година во 12 часот.
Со почит, АСт/АСт Бр. 10-458/33-2003 Организациски одбор Скопје, 29.10.2003 |