НВО Саем - 3 Форум на граѓанското општество во Македонија |
Информација за настан
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) заедно со Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) и Институтот за трајни заедници (ИТЗ) имаат чест да ве поканат да учествувате на 3 НВО Саем – форум на граѓанското општество во Македонија (НВО Саем).
На НВО Саемот можат да учествуваат:
На НВО Саемот ќе бидат поканети и гости од соседните земји. Целта на овој настан е да создаде простор за размена на искуства и да го поттикне меѓусебното разбирање и почитување на граѓанските организации, да поттикне поголем дијалог меѓу граѓанските организации, да го зголеми нивото на нивната комуникација, координација и соработка, да ја зголеми информираноста на јавноста и другите актери за активностите на граѓанските организации, како и да придонесе кон размената на информации со организации од регионот.
НВО Саемот ќе се одржи во периодот од 20 до 22 ноември 2003 година во Скопскиот саем.
НВО Саемот се состои од три компоненти:
1. ФОРУМСКИ АКТИВНОСТИ
а) Јавни дебати (форумски расправи)
Форумскиот дел ќе се состои од отворени јавни дебати (панели, тркалезни маси) каде ќе бидат дискутирани повеќе прашања, од кои неколку ќе бидат клучни (главни, носечки) теми кои го засегаат целиот сектор, но и општата јавност. Клучните теми за дискусија ќе ги определи Програмскиот одбор кој е составен од претставници од граѓанските организации од Македонија.
б) Едукативни сесии
Составен дел на форумските активности ќе бидат едукативните сесии на кои ќе се дискутира на теми поврзани со јакнењето на институционалниот капацитет на граѓанските органзиации. Сесиите во основа ќе имаат информативен карактер.
- Самоорганизација на настаните Во рамките на НВО Саемот ќе има можност за самоорганизирање на форумски расправи и едукативните сесии од страна на граѓанските организации. Самоорганизацијата за форумските расправи и едукативните сесии подразбира определување на тема, обезбедување воведничари за соодветната тема и фацилитатор (како и сместување, надомест и др., доколку е потребно). Организаторите на НВО Саемот го обезбедуваат просторот, терминот и техничката опрема (озвучување, проектор ЛЦД и сл.).
За таа цел, се повикуваат сите заинтереситани граѓански организации, најдоцна до 30 октомври 2003 година да пријават тема за дискусија и за едукативна сесија.
Формуларот за пријавување на теми може да се добие по електорнска пошта или да се подигне во просториите на МЦМС.
Доколку има пријавени теми кои не се во согласност со целите на НВО Саемот или има пријавено повеќе од можниот капацитет за одржување, Програмскиот одбор ќе направи селекција на пријавените теми.
2. ИЗЛОЖБЕН ДЕЛ
НВО Саемот овозможува претставување на учесниците преку изложбен простор (штандови, постери и аудио-визуелни презентации).
Штандови
а) Основен изложбен простор
Основниот изложбен простор за презентација изнесува 9 m2 и се состои од: изработка на штандови од систем октанорам; панел-табли дуплекс, покривање со теписон, инфопулт 100/100 или 2 од 50/50, испишување име на учесник со блок-букви, маса со 4 столици, осветлување со рефлектор, довод за електрична енергија.
Секоја потреба од дополнителна опрема (пр. пристап до интернет на штандот и сл.) се наплаќа, додека комуникацијата за истото ја прават самите организации учеснички на настанот со Скопски саем.
Доколку организациите имаат поинаква замисла за изгледот на својот штанд, можат самите да го уредат, со претходна најава и комуникација со Скопски саем.
Цената на чинење е 1000 денари за m2 или 9.000 денари вкупно.
- Организациите кои имаат годишен буџет за 2002 година помал од 500.000 денари, имаат можност да користат бесплатен штанд доколку заедно настапат три организации. Овие организации ќе треба во рокот предвиден за уплата да достават депозит во вредност од 3.600 денари, кој ќе биде вратен последниот ден од траењето на НВО Саемот. Депозитот ќе биде гаранција за постојаното присуство на организациите на штандовите во текот на траењето на настанот.
- Организациите кои имаат буџет за 2002 година меѓу 500.000 и 5.000.000 денари, покриваат 40% од вкупната сума на чинење или 3.600 денари за основниот штанд од 9 m2.
- Организациите кои имаат годишен буџет над 5.000.000 денари и меѓународните организации и агенции плаќаат полн износ на чинење (1000 денари за m2).
б) Дополнителен изложбен простор
Секоја организација ќе има можност да закупи поголем простор од основниот. Во тој случај организациите плаќаат полн износ на чинење (1.000 денари за m2).
Постер-презентација
- Организациите кои имаат годишен буџет за 2002 година помал од 500.000 денари, имаат можност да користат бесплатна постер-презентација.
- Цената на чинење на постер-презентацијата за организациите кои имаат годишен буџет за 2002 година, поголем од 500.000 денари изнесува 500 денари.
„Галерија на постери“ и „Галерија на книги“
Организациите кои имаат мал обем на активности (или активностите се состојат во објавување еден постер или публикација) имаат можност за бесплатна презентација на истите во рамките на заедничка „Галерија на постери“ и „Галерија на публикации“.
Публикациите и постерите треба да бидат доставени најдоцна до 7 ноември 2003 година.
АВ (аудио-визуелна) презентација
АВ презентацијата подразбира компјутерско претставување кое е бесплатно, но само во случај ако организациите избрале друг начин за презентација. Презентацијата треба да биде подготвена во комјутерската програма „MS Power Point“ од страна на самите организации од максимум 20 страници. АВ презентацијата треба да биде доставена најдоцна до 7 ноември 2003 година.
3. СОЦИО-КУЛТУРНИ НАСТАНИ
За време на НВО Саемот ќе бидат организирани неколку социо-културни настани кои ќе бидат базирани на сопствената креативност на граѓанските организации и ќе значат промоција на културното наследство и вредности.
Исто како и форумските расправи и едукативните сесии, ќе постои можност за самоорганизација на социо-културните настани. За потребите на настанот ќе бидат доделени и финансиски средства (мали грантови).
Доколку има пријавени настани кои не се во согласност со целите на НВО Саемот или има пријавено повеќе од можниот капацитет за одржување, Програмскиот одбор ќе направи селекција на пријавените настани.
Можност за покривање на трошоците за сместување
За граѓанските организации кои имаат седиште надвор од Скопје и околните градови Куманово, Тетово, Гостивар и Велес ќе постои можност за делумно покривање на трошоците за сместување за едно лице од организацијата. Предност ќе имаат организациите кои ќе организираат форумска расправа или едукативна сесија и организациите кои според висината на годишниот буџет припаѓаат на првите две категории (под 500.000 мкд и меѓу 500.000 и 5.000.000 мкд).
ПРИЈАВУВАЊЕ
Пријавувањето за 3 НВО Саемот – форум на граѓанското општество во Македонија е до 30 октомври, 2003 година, во МЦМС на адресата: Никола Парапунов бб, поштенски фах 55, 1060 Скопје.
Пријавите ќе бидат достапни и на: www.graganskisvet.org.mk и www.mango.org.mk.
[ Пријавата во Ворд формат ]
Лице за контакт е Кренар Кука, тел. 02/3065-381 лок. 134 (во периодот од 11 до 15 часот, секој работен ден), факс 02/3065-298, e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .
Влезот на НВО Саемот за учесниците е слободен.
|