Активности во сите сегменти на граѓанското општество |
ПРЕЗЕНТАЦИЈА: Програмата на граѓанската платформа на Македонија за 2005 - 2006
Амбициозната Програма на Граѓанската платформа на Македонија предвидува активности за сите значајни прашања во граѓанското општество во Македонија Програмата на граѓанската платформа на Македонија за 2005-2006 година ја презентираа Драги Змијанац и Александар Кржаловски претставници на Комитетот на Платформата.
Во составувањето на Програмата учествувале сите 29 членки.
За две години колку што ќе трае спроведувањето на Програмата се очекува да се подобри комуникацијата, координацијата, соработката и вмрежувањето на граѓанските организации, да се утврдат состојбите и потребите како и приоритетите и да се унифицираат концептите и пристапите во граѓанското општество. Дел од активностите на Програмата ќе бидат насочени кон подобрување на правната и фискалната рамка за граѓанските организации, потоа за создавање капацитети и механизми за само-регулација на граѓанските организации. “Како резултат на спроведената Програма очекуваме да се подобри и делотворноста и имиџот на граѓанскиот сектор и да се развие домашната инфраструктура за мобилизирање ресурси”, рече Змијанац.
За сроведување на Програмата се потребни 500-700.000 евра кои ќе бидат побарани од донаторите, а дел од средствата може да се обезбедат како сопствено учество на организациите членки на Платфор |