Впечатлива изведба на монодрама посветена на јазикот |
СОЦИО-КУЛТУРЕН НАСТАН: Изведба на поемата „Незаборав“ од Паскал Гилевски ОРГАНИЗАТОР: Сојуз на организации на жени на Македонија (СОЖМ)
Во Салата Г, на вториот ден од одржувањето на Саемот на НВО, Видосава Грубач, актерка при Драмскиот тетар во Скопје, ја изведе монодрамата “Двајца црнци зборуваат македонски”- “Незаборав” по истоимената поема на Паскал Гилевски.
Посветувајќи ја песната на македонскиот јазик, патриотизмот, опстојувањето, идентитетот, Гилески преку впечатливата изведба на Грубач, во импровизираниот простор на третата саемска хала, на слушателите им ја доближи својата порака за големината и неуништивата моќ на јазикот, во случајот, на неговиот сопствен, македонски збор.
|