Жените Ромки во фокус
Во рамките на НВО Саемот се одржа панелот „Афирмативниот пристап кон решавање на специфичните потреби на Ромките“, во организација на мрежата РНВО 2002. Мирдита Салиу на почетокот на панелот напомена дека женското ромско движење се појави во деведесетите години. Тие првично започнаа да работат во рамките на хуманитарните организации. Потребите на жените Ромки потекнуваат од самото ромско семејство.
Во сите сфери на животот Ромките наидуваат на предрасуди. Во вработувањето има предрасуди бидејќи работодавците немаат доверба во нив дека нема да ги исполнуваат задачите. Во однос на семејното насилство, нашите баби и родители не сакаат да зборуваат за тоа. Во здравството не ја добиваат соодветната медицинска грижа. Исто така и во старечките домови може да се сретне мал број на стари ромски лица.
Даница Јованова од СОЖМ зборуваше околу ангажманот на Ромките во политичкиот живот. Жените Ромки преку политичко дејствување можат да придонесат во решавањето на некои нивни специфични потреби. Се уште постојат предрасуди за инкорпорацијата на родовиот концепт. Според една анкета на УНИЦЕФ и Светска банка околу 21 % од жените Ромки не завршуваат основно образование; 45 % жени Ромки се неписмени, а неписменоста кај мажите е 15%.
Анифа Демировска кажа дека 98 % од жените Ромки се невработени, а околу 70 % од жените живеат од социјална помош.
|