Панел: Играј според правилата-почитувај го законот
Овде, играјте според правилата значи играјте според моите правила. Во Македонија, елитата која ги донесува законите, веќе 16 години не ги почитува. Тие се напишани од елитата за елитата. Тоа е војна меѓу политичарите и граѓанството, која во други држави завршува со револуции. Во Македонија граѓаните веќе 16 години се мирни и чекаат промени со консензус.
Овде нема позитивни примери дека почитувањето на законот е добро, истакна Сем Вакнин на панелот Играј според правилата почитувај го законот, организирана од Генезис во рамките на истоимената кампања поддржана од ОБСЕ.
Според Вакнин постојат неколку критериуми за добар закон. Тоа пред се се недвосмисланоста, параведноста, прагматичноста и правичноста. Законот треба да се применува еднакво за сите не смее да брани посебни интереси на посебни категории на луѓе, да буде етичен и во согласност со меѓународниот морал и меѓународното право. Ако законот не ги исполни овие критериуми тогаш граѓаните ќе се спротиставуваат на неговата примена. Тоа, според Вакнин се случува во Македонија со имплементацијата на поголемиот дел од законите.
Проблемот на непочитувањето на правилата и законите лежи во тоа што во процесот на транзицијата никој не понуди причина зашто тие би се почитувале, вели дискутантот Зоран Јачев. Исто така, според него, не постои систем кој гарантира дека тие што не го почитуваат законот ќе бидат казнети, односно дека непочитувањето е неисплатливо. Во Македонија луѓето живеат на работ на егзистенцијата и најчесто законот го заобиколуваат заради тоа што немаат избор. (С.Н.)
|