Панел: Дали лицата кои употребуваат дроги имаат еднакви шанси?
Корисниците на дрога во Македонија немаат можности како сите да се лекуваат, да се вработуваат и да им се почитуваат човековите права е заклучокот од дискусијата на тема Дали лицата кои употребуваат дроги имаат еднакви шанси, организирана од Македонската мрежа за намалување на штети. Иако законот вели дека секој има исто право на лекување, корисниците на дроги не доаѓаат лесно до медицинска помош, тие не се еднакви со другите кандидати при вработување, а многу полесно им се изрекуваат казни од страна на правосудните органи. Човековите права на зависниците од дрога не се почитуваат од страна на институциите, од граѓаните, па ни меѓусебно, во рамките на оваа целна група.
Како пример за маргинализирањето и дискримирањето на лицата кои употребуваат дрога дискутантите го наведоа и законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци кој е во подготовка.
-Во законот лицата кои употребуваат дрога се третираат исто како криминалци, односно исто како лицата кои произведуваат или продаваат дрога. Исто така законот препорачува повикување полиција, наместо медицинска екипа, доколку некој забележи пример на употреба на дрога, што е уште еден пример за криминализирање на овие лица, истакна Влатко Деков од Македонската мрежа. (С.Н.)
|