Општеството ни е дискриминирачко, а не толерантно |
ПАНЕЛ: Колку е инклузивно македонското општество
Македонското општество е дискриминирачко кон дел од маргинализираните групи, иако неговите граѓани велат дека е толерантно, велат добиените резултати од истражувањето кое на тема „Колку е инклузивно македонското општество“ го спроведе Фондацијата Институт Отворено општество – Македонија, испитувајќи го нивото на толеранција на граѓаните кон Ромите, хомосексуалците, проститутките, лицата зависни од дроги и опојни супстанции, лицата со интелектуална и телесна попреченост, лицата зависни од алхохол.
Истражувањето е произлезено од визијата на ФИООМ за интеграција на ѓ Македонија одвнатре , како предуслов за интеграција во Европа, а дел од добиените резултати говорат дека 60% од испитаниците не сакаат да се најдат во друштво со Ромите, 40% не знаат дали би сакале да се најдат во друштво со хоосексуалците, кои пак за соседи не би сакале да ги имаат дури 2/3 од испитаниците. Највисока негативна дистанца на соработка на работна место е покажана кон корисниците на дроги и опојни супстанци,а хомосексуалците не би биле добри шефови за 50% од испитаниците. Ова се дел од резултатите кои во иднина ќе бидат и отпечатени, но на презентацијата преовладуваше сликата дека зависниците од дроги и опојни супстанци се меѓу најдискриминираните, а беше презентиран и фактот дека за нив , дури иако се обезбедени потребните финансиски средства однадвор, во неколку градови во земјава не се отвораат дневни центри за лекување, поради покажаниот тригодишен отпор од страна на градските власти |