На граѓанските организации им треба етички кодекс |
ПАНЕЛ: Етички кодекс во граѓанското општество „Етички кодекс во граѓанското општество„ беше насловот на панелот на кој како што забележаа дел од присутните, повторно заинтересираност за оформување на прв кодекс од ваков вид покажаа мал број претставници на граѓанските организации, односно на Граѓанската платформа на Македонија, каде во неколку наврати во изминатата година прашањето, бес голем успех било отворано.
Организатор на панелот беше ЦСИД „Форум“, а презентерите Ѓунер Исмаил Сашо Клековски и Катерина Хаџи - Мицева ги разменија своите досегашни согледувања за потребата од споменатиот кодекс,споменувајќи и примери за не(оформени) кодекси и во другите земји не само од регионот, туку и од другите континенти. Ѓунер Исмаил укажа на потребата од постоење на кодексот како резултат на досегашното високо ниво на спонтаност во организирање на граѓанските организации во земјава, а Саемот на НВО го сметаше за вистинско место за дебата. „Етичкиот кодекс е израз на самодисциплинирање, но ние по една година не успеавме да дојдеме до негово оформување “ – укажа Сашо Клековски, според кого кодексот е потребен и заради одржливост на организациите и нивната иднина, заради заштита на професионалноста на луѓето кои во нив работат, заради градењето на кредибилитет пред финансиерите на нивните активности. Катерина Хаџи –Мицева ги презентираше познатите форми на кодекс, укажувајќи дека оформувањето треба да произлезе од покажаната потреба и желба на самите организации, а да не биде наметнато од надвор, од властите во земјата, од финансиерите иако во светот постојат и такви примери. Како земја за пример на постоење на етички кодекс кај граѓанските организации, на изненадување на присутните беше посочена и Црна Гора. К.Б.
|