Шестиот по ред НВО Саем - Форум на граѓанското општество ќе се одржи на 16 и 17 ноември 2007 година на Скопскиот саем во халите 2 и 3. Носечката тема на Саемот е „Еднакви можности за сите“. Пријавувањето за овој најголем настан на граѓанското општество во Македонија веќе започна. Сите детали и формулари за пријавување можете да ги најдете во оваа информација.
НВО Саемот - Форум на граѓанското општество во Македонија за прв пат се организираше во 2001 година. Првите две години, оваа најголема манифестација на граѓанското општество во Македонија се одржуваше во хотелот Александар палас. Од 2003 година, НВО Саемот се организира на Скопски саем.
На претходните пет манифестации учествуваа вкупно 1.030 организации, беа организирани 243 форумски настани, а Саемот го посетија 37.931 граѓани.
НВО Саемот им овозможува на граѓанските организации да ги покажат своите достигнувања, да разговараат за сегашните и идните приоритети на организирањето, да разменуваат искуства, да се координираат и комуницираат меѓусебно. Во трите дена, додека трае НВО Саемот, сe е подредено на работата на граѓанските организации, на нивните потреби, забелешки, идеи, планови...
Така ќе биде и оваа година, и на овој шести по ред НВО Саем - Форум на граѓанското општество.
Затоа пријавете се, или само посетете го Саемот. Погледнете ги постигнувањата на организациите на нивните штандови во изложбениот дел или бидете дел од некој од форумските настани.
Се гледаме на 16 и 17 ноември 2007 година на Скопски саем!
Целосна информација за 6 НВО Саем
Програма за форумскиот дел за 6-тиот НВО Саем
Распоред на изложбен дел за 6-тиот НВО Саем |