НВО саем 5 Форум на граѓанското општество во Mакедонија Печати

Информација за настанот

НВО Саемот- 5 Форум на граѓанското општество во Македонија ќе се одржи од 9 до 11 декември 2005 година на Скопски саем.
На НВО Саемот можат да учествуваат:
- здруженија на граѓани и фондации регистрирани во Македонија;
- странски и меѓународни организации и агенции со седиште во Македонија;
- Владини институции (министерства, агенции).
На НВО Саемот ќе бидат поканети и гости од регионот.

Целта на овој настан е да создаде простор за размена на искуства и да го поттикне меѓусебното разбирање и почитување на граѓанските организации, да поттикне поголем дијалог меѓу граѓанските организации, да го зголеми нивото на нивната комуникација, координација и соработка, да ја зголеми информираноста на јавноста и другите актери за активностите на граѓанските организации, како и да придонесе кон размената на информации со организации од регионот.

НВО Саемот се состои од три компоненти:

  • Форумски активности;
  • Изложбен дел;
  • Социо-културни настани.

НВО Саемот ќе има носечка тема и фокус-земја кои треба да дадат обележје на настанот и да провејуваат во сите негови компоненти. Носечката тема ќе биде Децентрализацијата, додека фокус-земја ќе биде Република Албанија.



 

1. ФОРУМСКИ АКТИВНОСТИ

а) Јавни дебати (форумски расправи)

Форумскиот дел ќе се состои од отворени јавни дебати (пленарни сесии, панели, тркалезни маси) каде што ќе се дискутира за повеќе прашања и теми коишто го засегаат целиот сектор, но и општата јавност. Исто така, органзациите ќе имаат можност да презнтираат и промовираат свои програми, проекти и активности.

б) Едукативни сесии

Составен дел на форумските активности ќе бидат едукативните сесии на кои ќе се дискутира на теми поврзани со јакнењето на институционалниот капацитет на граѓанските органзиации. Сесиите, во основа, ќе имаат информативен карактер.

- Самоорганизација на настаните

Во рамките на Форумскиот дел ќе има можност за самоорганизирање форумски расправи и едукативни сесии од страна на граѓанските организации. Самоорганизацијата за форумските расправи и едукативните сесии подразбира определување тема, обезбедување воведничари за соодветната тема и фацилитатор (како и сместување, надомест и др., доколку е потребно). Организаторите на НВО Саемот го обезбедуваат просторот, терминот и техничката опрема (озвучување, проектор ЛЦД и сл.). 

За таа цел, се повикуваат сите заинтересирани, најдоцна до 11 ноември 2005 година, да пријават тема за дискусија и за едукативна сесија.

Формуларот за пријавување теми може да се добие по електронска пошта или да се подигне во просториите на МЦМС. 

Бидејќи носечката тема ќе биде Децентрализацијата, се препорачува темите кои ќе бидат предложени за расправа и едукативните сесии да бидат во таа насока. Исто така на НВО Саемот ќе се расправаат и теми кои според последните истражувања ги засегаат граѓаните, како: сиромаштија, невработеност и корупција. 

Доколку има пријавени повеќе теми од можниот капацитет за одржување, Програмскиот одбор ќе направи селекција на пријавените теми во согласнст со приоритетите.


2. ИЗЛОЖБЕН ДЕЛ

НВО Саемот овозможува претставување на учесниците преку изложбен простор (штандови и постери).

Штандови

a) Основен изложбен простор

Основниот изложбен простор за презентација изнесува 9 м2 и се состои од: изработка на штандови од систем-октанорам; панел-табли дуплекс, покривање со теписон, инфопулт 100/100 или 2 од 50/50 (во зависност од локацијата на штандот), испишување име на учесник со блок-букви на македонски јазик, маса со 4 столици, осветлување со рефлектор, една полица за проспекти и довод за електрична енергија. 

Секоја потреба од дополнителна опрема (пр. пристап до интернет на штандот и сл.) се наплаќа, додека комуникацијата за истото ја прават самите организации учеснички на настанот со Скопски саем.

Доколку организациите имаат поинаква замисла за изгледот на својот штанд, можат да го уредат самите, со претходна најава и комуникација со Скопски саем.

Организациите кои сакаат дополнителен натпис на штандот, покрај македонскиот јазик (кој влегува во цената на чинење со закупот на штандот) да биде испишан на друг јазик и писмо, сами ги покриваат трошоците во износ од 725 денари од натпис (табла). Максималниот број табли коишто може да се постават на штандот е три. 

Цената на чинење е 1.500 денари за м2 или вкупно 13.500 денари за основен изложбен простор.

  • Организациите коишто имаат годишен буџет за 2004 година помал од 500.000 денари имаат можност да користат штанд со 90% попуст, доколку заедно настапат три организации. Цената изнесува 1.350 денари.
  • Организациите коишто имаат буџет за 2004 година меѓу 500.000 и 5.000.000 денари покриваат 35% од вкупната сума на чинење или 4.700 денари за основниот штанд од 9 м2.
  • Организациите коишто имаат годишен буџет над 5.000.000 денари и меѓународните организации и агенции плаќаат полн износ на чинење (1.500 денари за м2).

б) Дополнителен изложбен простор

Секоја организација ќе има можност да закупи поголем простор од основниот. Во тој случај, организациите плаќаат полн износ на чинење (1.500 денари за м2).

Постер-презентација 

Цената на чинење на постер-презентацијата изнесува 500 денари.


3. СОЦИО-КУЛТУРНИ НАСТАНИ

За време на НВО Саемот ќе бидат организирани неколку социо-културни настани коишто ќе бидат базирани на сопствената креативност на граѓанските организации и ќе значат промоција на културното  наследство и вредностите. 

Исто како и форумските расправи и едукативните сесии, социо-културните настани ќе бидат на принцип на самоорганизација.

Доколку има пријавени настани коишто не се во согласност со целите на Форумот или има пријавено повеќе од можниот капацитет за одржување, Програмскиот одбор ќе направи селекција на пријавените настани.

Можност за покривање на трошоците за сместување

За граѓанските организации коишто имаат седиште надвор од Скопје и околните градови Куманово, Тетово, Гостивар и Велес, организаторот прави напори да покрие трошоци за сместување на едно лице од организацијата. Во апликацијата (која е во прилог на оваа инфомација) ве молиме наведете дали имате ваква потреба. Дополнително ќе бидете известени дали можноста ви е одобрена.

Предност ќе имаат организациите коишто ќе организираат форумска расправа, едукативна сесија ил социо-културни настани и организациите коишто според висината на годишниот буџет припаѓаат на првите две категории (под 500.000 мкд и меѓу 500.000 и 5.000.000 мкд).

ПРИЈАВУВАЊЕ

Пријавувањето за НВО Саемот – 5 форум на граѓанското општество во Македонија е до 11 ноември 2005 година, во МЦМС на адресата: ул. “Никола Парапунов” б.б., поштенски фах 55, 1060 Скопје.

Пријави за НВО Саем

  • Пријава за учество на 5 НВО Саем
  • Пријава за организација на форум, едукативна сесија
  • Пријава за организација на социо-културен настан

За организациите кои ќе се пријават пред истекот на рокот за пријавување важат погоре дадените цени, додека оние кои ќе се пријават после истекот на рокот цената на чинење на штандот ќе биде 10% повисока. 

Организаторот го задржува правото да не ги вклучи организациите коишто ќе се пријават по предвидениот рок (11 ноември). 

Цена на чинење за основен штанд од 9 м2 во соодветните категории и рокови:

Категорија До 11 ноември После 11 ноември
Под 500.000 мкд 1.350 мкд 1.485 мкд
Од 500.000 до 5.000.000 мкд 4.700 мкд 5.170 мкд
Над 5.000.000 мкд 13.500 мкд 14.850 мкд
Меѓународни организации и агенции 13.500 мкд 14.850 мкд


Лице за контакт е Кренар Кука, тел. 02/3065-381 лок. 134 (во периодот од 11 до 15 часот,секој работен ден), факс 02/3065-298 е-пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Влезот на НВО Саемот за учесниците е слободен.