| Десет златни совети за медиумите од лицата со хендикеп |
|
|
Панел за медиумите и хендикепот во организација на Полио плус
Хендикепираните, односно лицата со посебни или специјални потреби не сакаат тие за медиумите само да бидат тажна приказна, сензација за еден ден или некој над чија судбина треба да се плаче. Затоа на панелот за медиумите и хендикепот во организација на Полио плус тие ги презентираа десетте совети за медиумите од лицата со хендикеп.
Воздржете се од едно-димензионално карактеризирање. Прикажете ги лицата со хендикеп како комплексни личности способни за широк опсег на емоции. Избегнувајте да не прикажете како некој што секогаш само прима. Прикажете не како еднакви, како луѓе способни да даваат исто колку и да примаат. Избегнувајте физички и ментални карактеристики да ги прикажувате како детерминанти за личноста. Воздржете се да не опишувате како куриозитетни објекти. Прикажете не како обични и просечни. Нашите недостатоци не би требало да се исмеваат или да бидат цел на шеги. Избегнувајте да не прикажувате како сензација, особено како жртви или виновници за насилство. Воздржете се да ни припишувате надчовечки атрибути. Избегнувајте “Франкенштајнски” заплети кои што нашиот став и потреби ги претставуваат како проблем. Прикажете ги бариерите во општеството кои што ни попречуваат да живееме полн живот. Избегнувајте лицата со хендикеп да ги прикажувате како несексуални. Во љубовните релации прикажете не како луѓе кои имаат еднакви сексуални потреби и желби како и луѓето без хендикеп. Прикажете не како обичен дел од животот во сите форми на претставување. И како најважно, доделете ни улога, обучете не и вметнете не во вашите сценарија, програми и публикации. Очигледно дека новинарите треба многу да учат за да ги претстават лицата со посебни потреби на вистински начин во медиумите, или како што рече новинарот Горан Величковски потребно е новинарите и хендикепираните да ги приближат своите светови, да имаат взаемна доверба и да подадат рака на љубов.
Едно е јасно, медиумите најмалку треба да ги претставуваат лицата со хендикеп како жртви, медиумите мора да влијаат врз свеста на сите дека хендикепираните се еднакви со останатите. На хендикепираните им е потребна помош бидејќи им треба малку повеќе време за секојдневните активности, а животот ќе им биде многу полесен доколку успееме сите заедно да ги отклониме бариерите : и оние архитектонските, но и бариерите во свеста на сите нас.
|