Како до мобилизација на граѓанското општество Печати

 

Воведно излагање: Ѓунер Исмаил

 

Сосема е евидентно дека Граѓанското општество навлегува во нова фаза. Ако во изминатите десетина и повеќе години, се занимававме со градење на свеста за потребата од поинаков ангажман, освен политичкиот, сметам дека веќе сме во фаза во која што: свеста за потребата од граѓански ангажман е изградена; базичните капацитети се формирани и се развиваат; мапата на организации во глобала е воспоставена; воспоставени се основните релации помеѓу организациите; па дури и Политиката стана свесна за тоа дека Граѓанското општество е присутно во вкупните случувања во општеството;

 

Проблеми и можни решенија:

  • градење на динамична структура на организациите заради нивно брзо прилагодување на динамиката на општествените случувања, кое ќе бара перманентен процес на обука и инструменти за брзо усвојување на знаења и познавања на состојбите;
  • воспоставување на механизам на интензивна комуникација помеѓу организациите (без разлика на разнородноста на мотивите и ангажманите) заради формирање и формулирање на една специфична јавност која на одреден веќе постои и ќе биде потребно да се доразвива и пронајдат и други форми(веб страни, дискусиони групи, подлистоцо о др.)
  • Јакненње на релациите помеѓу организациите преку тнр. формула:"Граѓанска Платформа" која што како модел може да се разработи во различни насоки;

 

Заклучок и препораки:

Граѓанскиот ангажман не може и не смее да биде замена на политичкиот и во таа смисла треба постојано треба да се нагласува дека "ТОА НЕ Е ПОЛИТИКА ВОДЕНА НА ПОИНАКОВ НАЧИН И СО ПОИНАКВИ СРЕДСТВА";

Но, и на Политиката треба да и се дава постојано на знаење дека Граѓанското Општетство нема да ја цени и оценува според Програмите, туку според искажаните намери и дела;

 

Граѓанското општество ќе мора многу брзо да се подготви за предизвиците на најавуваната нова територијална организација на државата, како и на процесите на децентрализација, заради воспоставување на ефикасни модели на комуникација со Властите на сите нивоа, па затоа мобилизацијата во насока на прегрупирање, обука, учење мора да бидат чекор пред Властите;