НВО Саем 2007 НВО Саем - Форум на граѓанското општество http://www.nvosaem.org.mk/-2007.html Thu, 17 Sep 2015 14:13:33 +0000 Joomla! 1.5 - Open Source Content Management mk-mk НВО Саем 6 Форум на граѓанското општество http://www.nvosaem.org.mk/-2007/1--6-.html http://www.nvosaem.org.mk/-2007/1--6-.html nvo_saem_2007_logo

Шестиот по ред НВО Саем - Форум на граѓанското општество ќе се одржи на 16 и 17 ноември 2007 година на Скопскиот саем во халите 2 и 3. Носечката тема на Саемот е „Еднакви можности за сите“. Пријавувањето за овој најголем настан на граѓанското општество во Македонија веќе започна. Сите детали и формулари за пријавување можете да ги најдете во оваа информација.

НВО Саемот - Форум на граѓанското општество во Македонија за прв пат се организираше во 2001 година. Првите две години, оваа најголема манифестација на граѓанското општество во Македонија се одржуваше во хотелот Александар палас. Од 2003 година, НВО Саемот се организира на Скопски саем.

На претходните пет манифестации учествуваа вкупно 1.030 организации, беа организирани 243 форумски настани, а Саемот го посетија 37.931 граѓани.

НВО Саемот им овозможува на граѓанските организации да ги покажат своите достигнувања, да разговараат за сегашните и идните приоритети на организирањето, да разменуваат искуства, да се координираат и комуницираат меѓусебно. Во трите дена, додека трае НВО Саемот, сe е подредено на работата на граѓанските организации, на нивните потреби, забелешки, идеи, планови...

Така ќе биде и оваа година, и на овој шести по ред НВО Саем - Форум на граѓанското општество.

Затоа пријавете се, или само посетете го Саемот. Погледнете ги постигнувањата на организациите на нивните штандови во изложбениот дел или бидете дел од некој од форумските настани.

Се гледаме на 16 и 17 ноември 2007 година на Скопски саем!

 

Целосна информација за 6 НВО Саем

Програма за форумскиот дел за 6-тиот НВО Саем

Распоред на изложбен дел за 6-тиот НВО Саем

]]>
mcms@mcms.org.mk (Administrator) НВО Саем 2007 Fri, 17 Jul 2009 10:42:21 +0000
Игри на среќа врз несреќните - кругот се проширува http://www.nvosaem.org.mk/-2007/6-2009-07-17-10-46-08.html http://www.nvosaem.org.mk/-2007/6-2009-07-17-10-46-08.html Полио Плус

Како средствата собрани од игрите на среќа и забавните игри се распределуваат беше носечкото прашање на панелот што го организираше Полио плус денес ро рамките на шестиот НВО Саем. Воведничарите се осврнаа на начинот на распределба на средствата, критериумите и висината на средствата.

Распределбата на приходите од игри на среќа на организациите што работат со хендикепирани лица се вршела уште во 1974 година.

 

]]>
mcms@mcms.org.mk (Administrator) НВО Саем 2007 Fri, 17 Jul 2009 10:45:52 +0000
Образованието - клуч за решавање на потребите на жените Ромки http://www.nvosaem.org.mk/-2007/5-2009-07-17-10-45-36.html http://www.nvosaem.org.mk/-2007/5-2009-07-17-10-45-36.html Жените Ромки во фокус

Во рамките на НВО Саемот се одржа панелот „Афирмативниот пристап кон решавање на специфичните потреби на Ромките“, во организација на мрежата РНВО 2002. Мирдита Салиу на почетокот на панелот напомена дека женското ромско движење се појави во деведесетите години. Тие првично започнаа да работат во рамките на хуманитарните организации. Потребите на жените Ромки потекнуваат од самото ромско семејство.

]]>
mcms@mcms.org.mk (Administrator) НВО Саем 2007 Fri, 17 Jul 2009 10:45:22 +0000
Зависниците од дрога се маргинализирани и дискриминирани од институциите и од граѓаните http://www.nvosaem.org.mk/-2007/2-2009-07-17-10-43-40.html http://www.nvosaem.org.mk/-2007/2-2009-07-17-10-43-40.html Панел: Дали лицата кои употребуваат дроги имаат еднакви шанси?

Корисниците на дрога во Македонија немаат можности како сите да се лекуваат, да се вработуваат и да им се почитуваат човековите права е заклучокот од дискусијата на тема Дали лицата кои употребуваат дроги имаат еднакви шанси, организирана од Македонската мрежа за намалување на штети. Иако законот вели дека секој има исто право на лекување, корисниците на дроги не доаѓаат лесно до медицинска помош, тие не се еднакви со другите кандидати при вработување, а многу полесно им се изрекуваат казни од страна на правосудните органи. Човековите права на зависниците од дрога  не се почитуваат од страна на институциите, од граѓаните, па ни меѓусебно, во рамките на оваа целна група.

]]>
mcms@mcms.org.mk (Administrator) НВО Саем 2007 Fri, 17 Jul 2009 10:43:11 +0000
Политичарите во Македонија не даваат позитивен пример во почитувањето на законите http://www.nvosaem.org.mk/-2007/4-2009-07-17-10-45-05.html http://www.nvosaem.org.mk/-2007/4-2009-07-17-10-45-05.html Панел: Играј според правилата-почитувај го законот

Овде, играјте според правилата значи играјте според моите правила. Во Македонија, елитата која ги донесува законите, веќе 16 години не ги почитува. Тие се напишани од елитата за елитата. Тоа е војна меѓу политичарите и граѓанството, која во други држави завршува со револуции. Во Македонија граѓаните веќе 16 години се мирни и чекаат промени со консензус.

]]>
mcms@mcms.org.mk (Administrator) НВО Саем 2007 Fri, 17 Jul 2009 10:44:37 +0000
Првата награда за донација му припадна на Суад Мисини http://www.nvosaem.org.mk/-2007/13-2009-07-21-13-39-42.html http://www.nvosaem.org.mk/-2007/13-2009-07-21-13-39-42.html НАСТАН ЗА ПРИБИРАЊЕ НА СРЕДСТВА: „Помогнете им на децата Роми да одат на училиште“

Под наслов „Помогнете им на децата Роми да одат на училиште“ во рамките на саемот се одвиваше и социо - културниот настан на кој беа презентирани резултатите од двомесечната акција за креирање на фонд за набавка на учебници и школски прибор за децата Роми од РМ водена од страна на ХО „Мир“ и ЦИРа , а истовремено се одржа и јавно извлекување на планираните награди за најголемите донатори, кои донираа парични средства на саемот.

]]>
mcms@mcms.org.mk (Administrator) НВО Саем 2007 Tue, 21 Jul 2009 13:37:44 +0000
Споделување на власта http://www.nvosaem.org.mk/-2007/15-2009-07-21-13-44-31.html http://www.nvosaem.org.mk/-2007/15-2009-07-21-13-44-31.html ПАНЕЛ: Мала вклученост на малите заедници
Највпечатливиот наод на извештајот „Споделување на власта “ е ниската вклученост на малите заедници во Македонија.
„Малите заедници го добија вниманието на големите заедници и на јавноста со покренувањето на иницијативата за загарантирани места во Парламентот“, рече професорката Мирјана Малеска во своето обраќање на панелот „Вклучување на малите малцинства“ што се одржа денес во рамките на шестиот НВО Саем. ]]> mcms@mcms.org.mk (Administrator) НВО Саем 2007 Tue, 21 Jul 2009 13:43:29 +0000 Споделување на власта http://www.nvosaem.org.mk/-2007/3-2009-07-17-10-44-11.html http://www.nvosaem.org.mk/-2007/3-2009-07-17-10-44-11.html ПАНЕЛ: Мала вклученост на малите заедници

Највпечатливиот наод на извештајот „Споделување на власта “ е ниската вклученост на малите заедници во Македонија

„Малите заедници го добија вниманието на големите заедници и на јавноста со покренувањето на иницијативата за загарантирани места во Парламентот“, рече професорката Мирјана Малеска во своето обраќање на панелот „Вклучување на малите малцинства“ што се одржа денес во рамките на шестиот НВО Саем.

]]>
mcms@mcms.org.mk (Administrator) НВО Саем 2007 Fri, 17 Jul 2009 10:43:56 +0000
Општеството ни е дискриминирачко, а не толерантно http://www.nvosaem.org.mk/-2007/12-2009-07-21-13-36-55.html http://www.nvosaem.org.mk/-2007/12-2009-07-21-13-36-55.html ПАНЕЛ: Колку е  инклузивно македонското општество
Македонското општество е дискриминирачко кон дел од маргинализираните групи, иако неговите граѓани велат дека е толерантно, велат добиените резултати од истражувањето кое на тема „Колку е инклузивно македонското општество“ го спроведе Фондацијата Институт Отворено општество – Македонија, испитувајќи го нивото на толеранција на граѓаните кон Ромите, хомосексуалците, проститутките, лицата зависни од дроги и опојни супстанции, лицата со интелектуална и телесна попреченост, лицата зависни од алхохол. ]]> mcms@mcms.org.mk (Administrator) НВО Саем 2007 Tue, 21 Jul 2009 13:35:32 +0000 На граѓанските организации им треба етички кодекс http://www.nvosaem.org.mk/-2007/11-2009-07-21-13-34-23.html http://www.nvosaem.org.mk/-2007/11-2009-07-21-13-34-23.html  

ПАНЕЛ: Етички кодекс во граѓанското општество

„Етички кодекс во граѓанското општество„ беше насловот на панелот на кој како што забележаа дел од присутните, повторно заинтересираност за оформување на прв кодекс од ваков вид покажаа мал број претставници на граѓанските организации, односно на Граѓанската платформа на Македонија, каде во неколку наврати во изминатата година прашањето, бес голем успех било отворано.

]]>
mcms@mcms.org.mk (Administrator) НВО Саем 2007 Tue, 21 Jul 2009 13:33:10 +0000