СОЦИО-КУЛТУРЕН НАСТАН: Нашите празници - култура, религија и фолклор
ОРГАНИЗАТОР: Детски парламент на Македонија за Штип и Карбинци
Детскиот парламент на Македонија за Штип и Карбинци со својот настап под наслов “Нашите празници-култура, религија и фолклор” во предвидениот тематски простор за социо-културен настан, на третиот ден од НВО саемот, побуди голем интерес кај бројната публика која дојде да ги види и чуе младите луѓе Македонци Роми, Власи и Турци од општините Штип, Злетово, Радовиш и од радовишкото село Тополница.
Облечени во карактеристични народни носии од краевите од каде што доаѓаат, играјќи ора и презентирајќи ги вредностите на културно- историските споменици (цркви и џамии), говорејќи за карактеристиките на муслиманските и христијанските празници и обичаи, тие ја покажуваа отвореноста едни кон други и желбата за меѓусебно дружење и запознавање, што и е дел од проектот “Сакам да видам-сакам да знам”, на кој заедно и работат.
|
|
ПРЕЗЕНТАЦИЈА: Интегрирана заштита, културен предел - примена на европската конвенција од Фиренца
Организатори: Еколошко друштво „Опстанок“ и Урбис
Еколошкото друштво “Опстанок” и здружението Урбис од Скопје, беа организатори на презентацијата под наслов “Интегрирана заштита, културен предел-Примена на Европската конвенција од Фиренца”, на која говореа претставниците Јасмина Хаџиева, Живко Поповски и Ѓорѓи Хаџи Васков, насочувајќи го вниманието на присутните заинтересирани посетители на НВО саемот, на потребата во Македонија да се почитуваат и дополнително и да се регулираат обврските што произлегуваат од потпишната Европска конвенција за интегрирана заштита, културен предел.
|
Повеќе...
|
ПАНЕЛ: Завршна сесија - можни стратегии за оддржливост на граѓанскиот сектор во Македонија - следни чекори
Организатор: Центар за иснтитуционален развој (ЦИРА)
На третиот ден од одржувањето на НВО Саемот, во организација на Центарот за институционален развој се одржa завршната сесија под наслов Можни стратегии за одржливост на граѓанскиот сектор во Македонија, на која беа сумирaн нацрт -заклучoците од конференцијата за одржливост на НВО секторот во Македонија, која низ седум сесии се одржуваше од 2 до 5 декември. При заокружувањето на конференцијата беа пресентирaни сумираните нацрт – заклучoци произлезени од материјалите презентирани и дускутирани од страна на учесниците од Република Чешка, Унгарија, Бугарија, Србија и Црна Гора и Косово кои своите практичи искуства ги изнесова на претходно одрaните сесии. Нацрт - заклучoците ги презентираше Зоран Стојковски од ЦИРА-а, напоменувајќи дека тие се само појдовна точка за натамошна дискусија за нивно конечо оформување. Зајклуoците се однесуваат на потребата од низа измени во постоечката законска рамка во Македонија, на мобилизирање на ресурси за невладините организации , за развој на корпоративна филантропија, но и сумарни заклучoци од актуелните состојби кај организациите во последната година од нивното делување.
|
Повеќе...
|
ПАНЕЛ: Дали има потреба од специјални закони за заштита на посебни групи, во организација на МЦМС и СОЖМ
Во законодавството на Република Македонија има потреба од донесување на закони кои би ја регулирале заштитата на посебните групи затоа што се покажа дека македонските државни институции немаат ефикасни механизми кои би ги обезбедиле човековите права на најранливите групи во општеството.
Ова е општиот заклучок од панелот за потребата од специјални закони за заштита на посебни групи, што се одржа во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка и Сојузот на организациите на жените на Македонија.
|
Повеќе...
|
|
|
|
Страница 2 од 2 |