Нашите празници - култура, религија и фолклор Печати

СОЦИО-КУЛТУРЕН НАСТАН: Нашите празници - култура, религија и фолклор

ОРГАНИЗАТОР: Детски парламент на Македонија за Штип и Карбинци

 

Детскиот парламент на Македонија за Штип и Карбинци со својот  настап под наслов “Нашите празници-култура, религија и фолклор” во предвидениот тематски простор за социо-културен настан, на третиот ден од НВО саемот, побуди голем интерес кај бројната публика која дојде да ги види и чуе младите луѓе Македонци Роми, Власи и Турци од општините Штип, Злетово, Радовиш и од радовишкото село Тополница.

 

Облечени во карактеристични народни носии од краевите од каде што доаѓаат, играјќи ора и презентирајќи ги вредностите на културно- историските споменици (цркви и џамии), говорејќи за карактеристиките на муслиманските и христијанските празници и обичаи, тие ја покажуваа  отвореноста едни кон други и желбата за меѓусебно дружење и запознавање, што и е дел од проектот “Сакам да видам-сакам да знам”, на кој заедно и работат.