Интергираната заштита кај нас е мисловна именка Печати

ПРЕЗЕНТАЦИЈА: Интегрирана заштита, културен  предел - примена на европската конвенција од Фиренца

Организатори: Еколошко друштво „Опстанок“ и Урбис

 

Еколошкото друштво “Опстанок” и здружението Урбис од Скопје, беа организатори на презентацијата под наслов “Интегрирана заштита, културен предел-Примена на Европската конвенција од Фиренца”, на која говореа претставниците Јасмина Хаџиева, Живко Поповски и Ѓорѓи Хаџи Васков, насочувајќи го вниманието на присутните заинтересирани посетители на НВО саемот, на потребата во Македонија да се почитуваат и дополнително и да се регулираат обврските што произлегуваат од потпишната Европска конвенција за интегрирана заштита, културен предел. 

 

Конвенцијата е усвоена во Фиренца а ратификувана во Македонија, но сеуште не е имплементирана во практиката.  Говорејќи за поимот и значењето на интегрираната заштита и културниот предел и за актуелната состојба во овој контекст со верификација и заштита на културно-природните вредности кои земјава  ги поседува, несомнено неодминлива тема на која тројцата учесници се фокусираа беше скопското Кале Градиште. Тие ја истакнаа потребата и овој предел меѓу другите, со  регуларна законска постапка  да се заштити како културен предел.

 

Јасминка Хаџиева се осврна на потребата од менување на пристапот во штитењето на културно - историското и природното наследство во Македонија, потенцирајќи дека  тоа е останато на нивото на периодот од 1950 - 60 години. “Интегрираната заштита сеуште е мислена именка а  политиката работи на тоа, постоечките видови наследство да се ослободат за економска корист. Овој вид на за Заштита треба да се приклучи кон просторното планирање и  урбанизам што кај нас недостасува, а истата  треба, како што е и во светот, да биде грижа на граѓаните. Јавните власти терба да  превземат мерки за едукација и информирање за вредностите на наследството кое го поседуваат,(што е и обврска со Конвенцијата). Оживувањето на интегративната заштита зависи и од преиспитувањето, ревидирањето на законите за домување, просторно планирање, урбанизам и др. Европа ја препорачува интегрираната заштита , бидејќи овозможува комплексно третирање и заштеда на финансиски средства. Здруженијата на граѓани можат да играат голема улога во разни активности во доменот на интегрираната заштита која се однесува и на културниот предел и на културниот пејзаж, но не можат ништо ако немаат подршка од државата” - истакна меѓу другото Хаџиева.

 

Проф Живско Поповски  ја посочи спорната локација Градиште Кале како дел од еден значаен дел од Скопје, простор меѓу Гази Баба и Ајдер Баба, од Скупи до МРТВ, каде се  лоцирани објекти од  културна и социолошка содржина, значајни културно - природни вредности што ја потврдуваат неговата комплексност и бараат  интегрирана заштита. Третиот учесник на презентацијата Ѓорѓи Хаџи Васков говореше за улогата на граѓанските организации во забрзување на процесот на интегрирана заштита, преку информирање и своевиден притисок за донесување на законски одредби и акти за нејзина имплементација во македонската стварност .