Посебни закони за заштита на најранливите групи во општеството Печати

ПАНЕЛ: Дали има потреба од специјални закони за заштита на посебни групи, во организација на МЦМС и СОЖМ

 

Во законодавството на Република Македонија има потреба од донесување на закони кои би ја регулирале заштитата на посебните групи затоа што се покажа дека македонските државни институции немаат ефикасни механизми кои би ги обезбедиле човековите права на најранливите групи во општеството.

Ова е општиот заклучок од панелот за потребата од специјални закони за заштита на посебни групи, што се одржа во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка и Сојузот на организациите на жените на Македонија.

 

„Се додека во целото општество сите не бидат еднакви ќе има потреба од закони кои ќе ги штитат маргинализираните и ранливите групи. Македонија се уште нема донесено закон за антидискриминација, кој генерално би ги анулирал сите видови на дискриминација, но кога и овој закон ќе дојде на ред во Собранието не значи дека не треба да се донесат и дека не треба да постојат и посебни закони за одредени групи. Секако не смееме да дозволиме во  Македонија да има ситуација во која сите  се изјаснуваме  дека сме  општество на еднакви, но сепак некои да бидат поеднакви од другите”, потенцираше Елеонора Петрова-Митевска, пратеничка од редовите на СДСМ.

 

На агендата на Собранието наскоро во процедура ќе биде и донесување на законот за еднакви можности кој ќе ги регулира односите меѓу половите. „Жените се најмалку педесет отсто од популацијата во општеството,eka sme cija vo koja se izjasnuvame rskata gra|anska organizacija Mkoi Romite se prika`ani kako kradci i nerabotnici" pu{tat na но во некои професии нив едноставно ги нема.” , рече Савка Тодоровска, претседателка на СОЖМ. „ Така на пример само пет отсто од менаџерите се жени, а 95 отсто мажи. Тоа се должи и на воспитувањето дека жената треба да е пасивна, а мажот е тој што е активен. Очигледно, жените ги има повеќе во оние професии кои се помалку платени како што е текстилната индустрија или образованието. „додаде Тодоровска.

 

Анета Јовевска, виш научен соработник во Институтот за социјални и политичко-правни истражувања, пак смета дека со донесувањето на законот за антидискриминација нема да биде завршена целата работа.

 

„Полесниот дел од работата е правно – формалниот дел, а многу потешкиот дел е имплементирање на законите во реалниот живот и менување на свеста. Секое општество кое се декларира за демократско треба да биде недискриминаторско. Државите воглавном се декларираат како демократски, но повторно сме сведоци на повредување на човековите права”

 

Но, секако дека рамноправноста или не-рамноправноста на половите не е единствен облика на дискриминација во македонското општество. Јавна и прикриена дискриминација се случува и кога е во прашање ромското малцинство. „Анализите покажуваат дека Ромите најмногу ги омаловажуваат во полицијата, на шалтерите и во образованието. Но, страшен е и прикриен облик на отфрлување на Ромите како на пример кога не сакаат Ром да послужат во ресторан, да го пуштат на базен или кога на децата во училиштата им се сервираат приказни во кои Ромите се прикажани како крадци и неработници”, потенцираше Мухамед Точи од гостиварската граѓанска организација „Месечина”.