Воведно обраќање: Сашо Клековски
Почитуван г. Борис Трајковски, претседател на РМ,
Почитувани екселенции,
Почитувани граѓани,
колеги и пријатели
Веројатно е тешко да кажам нешто ново по веќе кажаното од претходните високо ценети говорници, по веќе кажаното на Вториот НВО Саем. Ништо ново, веројатно. Премногу долго говориме за истите проблеми за истите предизвици пред нас. Сепак, ќе си дозволам да уште еднаш ги набројам.
Говориме за безбедноста, за мултикултурно општество, за партиципативната демократија и децентрализацијата , за економскиот развој и вработувања. Колку повеќе говориме толку повеќе нови проблеми, толку повеќе нови дилеми.
|
Повеќе...
|
|
Воведно излагање: Ѓунер Исмаил
Сосема е евидентно дека Граѓанското општество навлегува во нова фаза. Ако во изминатите десетина и повеќе години, се занимававме со градење на свеста за потребата од поинаков ангажман, освен политичкиот, сметам дека веќе сме во фаза во која што: свеста за потребата од граѓански ангажман е изградена; базичните капацитети се формирани и се развиваат; мапата на организации во глобала е воспоставена; воспоставени се основните релации помеѓу организациите; па дури и Политиката стана свесна за тоа дека Граѓанското општество е присутно во вкупните случувања во општеството;
|
Повеќе...
|
Какви се и ќе бидат можностите и капацитетите на НВО за соработка со локалната самоуправа
Почитувани, во мое лично име и во името на членовите на "Друштвото на родители за грижа за задраво поколение" од Велес упатувам благодарност до Организацискиот и Програмскиот одбор на НВО Форумот, за укажаната чест да бидам воведничар на панелот на тема: "Дали децентрализацијата ќе придонесе за поголема локална демократија" во делот "Какви се и ќе бидат можностите и капацитетите на НВО за соработка со локалната самоуправа".
|
Повеќе...
|
Почитувани, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), во соработка со Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) и Институтот за трајни заедници (ИТЗ), имаат чест да ве информираат за НВО Саемот – 3 форум на граѓанското општество во Македонија.
НВО Саемот – 3 форум на граѓанското општество во Македонија ќе се одржи од 20 до 22 ноември 2003 година во Скопскиот саем. На истиот можат да учествуваат:
- здруженија на граѓани и фондации, регистрирани во Македонија (домашни и странски);
- домашни агенции и странски и меѓународни организации.
- Гости од соседни земји (за прв пат оваа гоодина на НВО Саемот – 3 форум на граѓанското општество во Македонија ќе бидат поканети и гости од соседните земји).
|
Повеќе...
|
Организаторите на НВО Саемот – 3 форум на граѓанското општество во Македонија ќе обезбедат организиран превоз за сите заинтересирани граѓани кои сакаат да го посетат настанот, а кои доаѓаат надвор од Скопје. Предност ќе имаат: активисти и волонтери на граѓанските организации, ученици од средните училишта, студенти од универзитетот “Св. Климент Охридски”, од Битола и факултетите во Прилеп, Охрид и Штип, како и студенти од Универзитетот на ЈИЕ од Тетово.
|
Повеќе...
|
|
|
|
|
Страница 2 од 3 |