НВО Саем - Форум на граѓанското општество во Македонија |
![]() |
![]() |
![]() |
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ), Институтот за трајни заедници (ИТЗ) и Католичките служби за помош (ЦРС) имаат чест да ве поканат да учествувате на НВО Саемот – форум на граѓанското општество во Македонија што ќе се одржи од 29 октомври до 1 ноември 2002 година во хотелот Александар палас во Скопје.
За учесниците: Пријава за учество (MS Word doc, 227KB) На НВО Саемот – форум на граѓанското општество во Македонија можат да учествуваат:
На НВО Саемот – форум на граѓанското општество во Македонија ќе бидат поканети и гости од соседните земји. Овој настан ќе биде единствена можност за претставниците на невладиниот сектор во Македонија да се претстават и да информираат за својата работа, да разменат искуства, знаења и идеи за секторот на НВО што треба да придонесе кон подобрување на координацијата меѓу НВО и одредување на приоритетите за застапување и лобирање.
На НВО Саемот – форум на граѓанското општество во Македонија ќе бидат одржани форуми, секторски работилници и едукативни сесии на теми значајни за функционирањето на НВО.
Пријавувањето за учество во форумите, секторските работилници и едукативните сесии ќе се врши во МЦМС и при регистрацијата, непосредно пред почетокот на НВО Саемот.
НВО Саемот – форум на граѓанското општество во Македонија овозможува претставување на учесниците преку изложбен простор (штандови, постери и АВ (аудио-визуелни) презентации).
Освен форумскиот, едукативниот и изложбениот дел, НВО Саемот ќе се случуваат и социо-културни настани што ќе овозможат дружење, комуникација и подобро меѓусебно запознавање на НВО учесници на саемот
Влезот на НВО Саемот е слободен. |