Улогата на НВО и фондациите во културата |
![]() |
![]() |
![]() |
Секторски панел
Секторискиот панел на тема “Улогата на НВО и фондациите во културата”, се одржа на првиот ден од НВО Саемот, на 29 октомври оваа година. На панелот беше истакнато дека културата е значен дел од општеството и дека НВО кои дејствуваат на полето на културата се многу поактивни од државните институции.
Воведен збор поденесе Виолета Симјановска, директор на “Мултиемдиа”, која рече дека токму културата треба да биде предвесник, авангарда на сите радикални промени што треба да се случуваат во општетсвото во кое живееме. Широка дискусија исто така беше покрената по вовевдните излагања на Небојша Вилиќ (ЗГ “359), Елизабета Шелева (Филолошки факултет), Иван Додовски (ФИООМ), Филип Дегу (Француски културен центар) и Христина Ивановска (Про Хелветија).
На расправата беше покренато прашањето на соработката помеѓу НВО и владините институции како и промената на законската регулатива во областа на културата. Исто така се истакна и проблемот на големата финансиска зависност на НВО од страна на странските донации. Небојша Вилиќ постави некои дилеми околу редефинирањето на поимот институција, на субалтерно и алтернативно, на поимите официјално и алтернативно.
На крајот на расправата беше заклучено дека има потреба од организирање на ваков тип на трибини, каде би се разговарало за промена на законската регулатива во областа на културата. Потребна е поголема соработка меѓу НВО со владините институции, како и со приватниот сектор. Треба да се изнајде стратегија за одржливоста на НВО во иднина, нивно вмрежување во поформална смисла. Исто така беше заклучено дека е потребно да се дефинира позицијата и улогата на НВО во иднина во целокупното општествено уредување како и поголема инволвираност на НВО во процесот на одлучување при распроделбата на финансиските средства во државните институции, но и во фондациите. |